Паѓањето и скршениците се сериозен проблем за постарите луѓе. Една компанија верува дека го има спасот – појас со вградени воздушни перничиња. Hip’Air е појас на француската компанија Helite кој изгледа како некој надуен каиш. Опремен е со сензори кои ве предупредуваат кога ќе паднете, а двете воздушни перничиња се активираат за да ги заштитат колковите од падот. Појасот со воздушни перничиња чини 800 долари, пренесува The Verge.
Не е ни чудо што компанијата верува дека го нашла вистинското решение затоа што се занимава со производство на елеци со воздушни перничиња за моторџии. Тие сметаат дека нивната технологија може да се употреби за повеќе производи. Кога не е надуен HipAir е лесен и има пластична тока на предниот дел во која има уред за надувување и сензор. Стрелките ви покажуваат како да го ставите појасот на вас и свири доколку е поставен погрешно.