Американскиот магазин за бизнис и технологија Fast Company направи селекција на најиновативните компании во 2018 година во конкуренција на дури 350 компании од 36 земји од светот. Веб страницата Zimo ги пренесува првите топ 10 најиновативни компани во светот.
1. Apple
Fast Company ја истакнува носењето на иднината во денепницата како главна иновативна одлука на американскиот гигант.
2. Netflix
Netlix го зазеде второто место само поради сувереното владеење на малите екрани.
3. Square
Square е на трето место поради ширењето на предностите на банкарството.
4. Tencent
Поради кралскиот третман со содржините оваа компанија се наоѓа на четвро место на листата. Нивната апликација WeChat има дури 980 милиони активни корисници.
5. Amazon
Овој американски гигант е на петто место поради својата сеприсутност.
6. Patagonia
Станува збор за приватна компанија која својата популарност ја користи за да го подигне нивото на свеста за климатските промени. На шесто место е поради тоа што секогаш кога ќе ја спроведуваат својата социјална мисија тие го шират бизнисот и растат.
7.CVS Health
Оваа американска фармацевтска и медицинска компанија е на седмо место поради грижата за своите корисници, понудата на здрава храна и забраната за продажба на производи од тутун во своите продавници.
8. Washington Post
Угледниот американски весник е на осмо место поради воведувањето амазоснки амбици во светот на вестите.
9. Spotify
Шведската компанија нуди услуги на слушање музика, прегледување видеа и подкасти, покрај своите ексклузивни содржини.
10. NBA
Популарната американска кошаркарска лига сака да биде глобален тренд, а дека нивните желби се оправдани говори фактот дека имаат аудиториум од дури 2 милијарди луѓе од целиот свет.