Паметни чорапи кои превенираат рани на стапалата предизвикани од дијабет

- Advertisement -

Научници произведоа паметни чорапи кои преку вградени сензори ја мониторираат температурата на нозете и помагаат со потенцијални рани на нозете кои можат да се појават кај дијабетичарите. Чорапите наречени Siren би требало да се носат секој ден со цел да се добијат конзистенти податоци

Благодарение на сензорите, податоците ќе можете да ги читате на апликација на вашиот телефон која исто така ќе ви праќа известувања доколку на одреден дел од стапалото почнува да се создава рана.

- Advertisement -

„Чорапите Siren наменети за дијабетичари имаат потенцијал да преверираат рани на стапалата и да го редуцираат бројот на ампутации.“, изјавил д-р Александар Рејзелман кој е подијатриски хирург.

Овој производ веќе предизвикува позитивни реакции и кај пациентите со дијабет кој го пробале. Еден дијабетичар рекол дека нему чорапите му помагаат на време да го спречи создавањето на раните, додека пак друга пациентка ги смета чорапите како клучен производ кој навистина прави разлика кога се во прашање сериозните рани предизвикани од дијабет.

- Advertisement -

Чорапите содржат специјален ластик кој не ја лимитира циркулацијата на крвта, микро сензори кои ја мерат температурата на нозете, материјал кој ги одржува нозете суви и спречува создавање на бактерии и дебел слој на дното од чорапите кои го намалува притисокот од чекорењето.

- Advertisement -

Производот може да се нарача онлајн и изнесува 179 долари. Пакувањето содржи седум пара од паметните чорапи, како и вреќичка за перење на чорапите.

Сподели!
- Advertisement -