- Advertisement -
Компанија АВЛ чие седиште е во Истанбул, има намера до 2020 година да почне со тестирања на својот прв автомобил без возач, објави весникот „Дејли сабах”.
На новото хибридно возило работат турски инженери, а директорот на компанијата, Умут Генч соопшти дека првото претставување на самоуправувачкиот автомобил ќе се случи догодина.
„Целта е таа технологија да биде што подобро прилагодена кон условите на турскиот мегалополис.“ , објаснува Генч.
- Advertisement -
Истанбул инаку, е познат по густиот сообраќај и невнимателното возење, така што конструкцијата на вакво автономно возило може да биде сериозен предизвик.
- Advertisement -