Не секоја идеја за производ може да прерасне во компанија!
На пример, еден тим направил производ кој автоматски го превртува месото кое се пече на скара и призводот можеби имал потенцијал да им донесе неколку милиони долари на оние кои го создале. Но тешко дека само со овој производ би стигнале до компанија која вреди 100 милиони долари.
Зошто е ова важно? Мора да бидете кристално јасни што точно поседувате и што можете да направите со тоа. Честопати гледаме како претприемачите мислат дека токму нивната идеја ќе се претвори во компанија вредна 100 милиони долари и прават избори поради кои на крајот завршуваат неуспешно. Тие се обидуваат својата идеја „да ја продадат“ колку што е можно подобро пред инвеститорите, но инвеститорите се луѓе со искуство и знаат да проценат потенцијал.
Доколку пак претприемачот успее да собере голем капитал за од производ да премине во компанија, тогаш мора да се осигура дека кога ќе го продаде стартапот односно кога ќе осигура т.н. exit, тоа ќе биде за цена многу поголема од сумата со која започнал. Уште пред да почнете да собирате средства, зацртајте кон што точно ќе се стремите.
Почнете со тоа што ќе обезбедете податоци за потенцијалот кој вашиот производ го има на пазарот. Иако следново им звучи многу очигледно на претприемачите, осигурајте се дека имате реална идеја за тоа што точно сакате да продадете и колку тоа ќе се продава.
Еден начин како да се размислува за тоа дали можете да создадете компанија од вашиот производ е да се фокусирате на дел или предност на производот кој во иднина ќе може да се надогради. Да се вратиме на автоматскиот превртувач на месо. Можеби на почетокот предноста на овој производ е тоа што го поедноставува правењето скара и го прави месото повкусно. Но мора да се размислува подалеку. Дали технологијата со која работи овој производ ќе може да се примени и за низа други производи? Кога ќе успеете да одговорите на ова прашање, тогаш сте подготвени од вашиот производ да направите компанија.
Можеби ќе ви биде тешко да најдете одговор на ова прашање во моментот кога сте на самиот почеток. Можеби пак не сакате да истрчувате и да размислувате за нешто што уште не ви е допирливо. Но доколку сакате навистина да имате влијание на пазарот и во иднина да се позиционирате како иновативна компанија, тогаш ова е нешто што се планира уште пред да се започне со производство на самиот производ.
Претприемачот треба точно да знае како ќе го трасира патот на развој на својот производ дури и ако не сте сигурни дека ќе најдете начини да го изодите тој пат до крај. Инаку, доколку производот ви се покаже успешен, притисокот тогаш ќе биде поголем бидејќи пазарот ќе биде во исчекување за вашиот следен чекор. Не дозволувајте да го испуштите бранот само поради тоа што не сте веслале на време.
(Startup Nation)