Maкедонските компании добија можност за бесплатно тестирање и сертификација Certified Secure Computer User

- Advertisement -

Семос Едукација овозможува бесплатно да ги тестирате Вашите вработени кои не се со ИТ образование или искуство. На тој начин тие ќе ги проверат своите знаења и вештини од областа на ИТ безбедноста и ќе ја развијат свеста за нивната важност, а компанијата ќе биде сигурна дека деловните и личните податоци се безбедни

Со новите компјутерски технологии, дигитални информации и зголемена интеракција на електронските медиуми, се зголемува и ризикот на загрозување на безбедноста на корисниците и електронските податоци во компанијата. Вработените во една компанија се најслабата алка во синџирот на безбедноста. Секоја компанија, банка или владина институција, и покрај огромните инвестиции во најсовремените ИТ системи, е ранлива на хакерски напади поради човечкиот фактор.

Секој што ќе го положи испитот и ќе се сертифицира, го потврдува своето знаење и вештини за разните компјутерски и мрежни безбедносни закани, како кражба на идентитет, измама со кредитни картички, онлајн банкарски фишинг измами, вируси, електронски пораки со измами, загуба на доверливи информации, хакерски напади и сл. Со тоа се потврдува дека тие знаат како да ги преземат неопходните чекори за да го зголемат нивото на безбедност на своите компјутери.

- Advertisement -

Теми кои се опфатени со испитот и сертификацијата се:

- Advertisement -
  • Вовед во безбедност
  • Обезбедување на оперативни системи
  • Malware и Антивирус
  • Интернет безбедност
  • Безбедност на сајтови за социјално вмрежување
  • Обезбедување на Email комуникации
  • Обезбедување на мобилни уреди
  • Обезбедување на Cloud
  • Обезбедување мрежни врски
  • Data Backup
  • Disaster Recovery​

Сите кандидати кои ќе ги положат испитите добиваат официјален сертификат – Certified Secure Computer User. Заинтересираните за бесплатно тестирање, можат да ја пријават својата компанија на овој ЛИНК.  За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Семос Едукација линк. Пријавувањето трае до 15 март, а бројот на испити е ограничен.

Сподели!
- Advertisement -