Нова апликација ви овозможува да ги платите производите во маркет со едноставно скенирање

- Advertisement -

Касиерите и касите на кои самите ги скенираме производите ќе станат непотребни благодарение на нова апликација која уште повеќе го забрзува купувањето во продавница. Апликацијата се вика Supersmart и им овозможува на корисниците да ги скенираат производите со својот паметен телефон и потоа само да ги однесат до делот од продавницата каде што има посебен под.

Со помош на неколку камери и алгоритми за длабинско учење се детектираат сите производи. Целта на технологијата е да се скрати времето поминато во шопинг., пишува Daily Mail. Апликацијата дури ќе го предупреди купувачот доколку не скенирал некој производ од корпата.

- Advertisement -

Јер Клепер е девелопер и основач на Supersmart, кој ја креирал апликацијата во Израел во партнерство со синџирот супераркети Osher Ad. Osher Ad го воведе овој систем во своите продавници уште во 2016 година по период ан тестирање на повеќе локации.

- Advertisement -

Клепер вели дека апликацијата е дизајнирана да биде што поедноставна и може да работи со максимум 180 продукти. Може да се додаде во секој супермаркет без да се менува инфраструктурата. Клепер тврди дека целиот процес на плаќање трае само 30 секунди.

Сподели!
- Advertisement -