Се поголем број луѓе имаат проблем со паметните телефони. Тие им станаа толку незаменливи што речиси целосно се зависни од нив. Неколку истражувања предупредуваат дека паметните телефони ги доживуваме како продолжеток на нашите тела и ги носиме секаде со себе – од креветот до тоалетот.
Но, неодамна една глобална студија покажа дека на луѓето се повеќе им треба рамнотежа меѓу телефоните и реалниот живот. Студијата „Phone-Life Balance Study” е направена во партнерство со Motorolа и д-р Ненси Еткоф, признат експерт на полето на однесувањето врзано за мозочната активност и познавањето на среќата на Универзитетот Харвард.
Студијата го идентификува проблематичното однесување кое влијае на односите со другите луѓе како и наспрема самите себе и покажа дека луѓето им даваат предност на своите телефони во однос на драгите луѓе, при што најалармантни се резултатите кај помладите генерации, кои израснале во дигитален свет.
Дури 1/3 од испитаниците го ставаат паметниот телефон пред дружењето со драги луѓе. За нив е побитно да се дружат со обилниот телефон отколку со семејството, пријателите, партнерите или децата. Проблемот со зависноста од паметните телефони е најизразен кај генерацијата Z, чии претставници во повеќе од 50% од случаите својот паметен телефон го сметаат за свој најдобар пријател.
Но, луѓето се свесни за својата зависностт и потребата за урамнотежување на односот меѓу реалниот живот и животот на паметниот телефон. Така, дури 61% од испитаниците сакаат подобра рамнотежа и поквалитетен живот. Речиси исто толкав процент сметаат дека е многу битно да се има живот и кога не сте на паметен телефон.
Иако студијата откри цела низа проблематични однесувања поради претерана употреба на паметните телефони, три се истакнуваат најмногу. Компулсивното проверување на телефонот е присутно кај речиси половина од испитаниците, а исто толкав број имаат потреба постојано да го проверуваат. Третина од испитаниците поминуваат премногу време на телефон, а емоционалната зависност е најголемиот проблем врзан за претераната употреба на смартфоните.
Ако не сте сигурни дали сте зависни од паметниот телефон и дали ви треба помош за враќање на рамнотежата во животот, пополнете го прашалникот Phone-life balance на следниот линк https://phonelifebalance.motorola.com/#/.