Став на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора за мерките за економски раст

- Advertisement -

Мерките за економски раст од владата се создадени врз основа на потребите, насоките и барањата на деловната заедница и треба да придонесат за унапредување на сите економски субјекти во земјава, домашни или странски. Токму затоа овие мерки се поставени како врвен приоритет кон  дефинирање и креирање на нова економска и индустриска политика.

И во таа насока е ставот на Бранко Азески, Претседател на стопанската комора на Македонија кој вели „Со ваков стимул компаниите ќе можат да постигнат многу подобри резултати, да го прошират производниот асортиман, да го зголемат бројот на вработени лица и неколкукратно да ги зголемат и прошират своите извозни потенцијали преку настап на странски пазари. Вакви можности се гледаат во метало-преработувачката индустрија, хемиската индустрија, прехранбениот сектор“.

Една од мерките за економски раст е еднакви стимулативни услови за домашните и странските компании, односно исти можности за развој без никој да им повластена или привилегирана услуга.

- Advertisement -

„Како Комора, секогаш сме имале став дека е неопходно привлекување на странски инвестиции, но дека е потребна и поддршка на домашниот бизнис“, е една од точките каде потребите и барањата на бизнис заедницата се поклопуваат со мерките. „Стимулирањето на странските компании да набавуваат домашни инпути ќе ги дополнат идентификуваните недостатоци од недоволната поврзаност на странските директни инвестиции и домашните компании. Поттикнувањето на поврзување на странските инвестиции и домашните компании ќе ги интензивира бенефитите од трансфер на знаење и технолошки напредок од една страна, а од друга страна, ќе го зголеми производството на домашните компании“, дециден Азески.

Една од најголемите поволности и мерка што ќе го поттикне развојот на компаниите е стимулирањето на технолошкиот развој на компаниите, модернизација на капацитетите, иновирање на технологијата, развој на нови производи.

- Advertisement -

„Преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање, пристап до капитал со зголемена технолошка и деловна софистицираност на домашните бизниси, ќе се овозможат и посилни повратни врски со странските директни инвестиции и повеќе ќе се стимулира извозот, кој е неопходен за да се постигне повисока стапка на економски раст и развој“, дополнува Азески.

Знаејќи го значењето на освојувањето на нови пазари и инпутот што го има врз економскиот раст, комората очекува мерките кои се утврдени во Нацрт- законот за финансиска поддршка на инвестициите, да дадат конкретен бенефит за стопанството.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -