Претставен Porsche Mission E Cross Turismo – електричен спортист за активен животен стил

- Advertisement -

На престижниот меѓународен саем за автомобили во Женева Porsche ја најави иднината со новиот модел Mission E Cross Turismo, концепт на CUV (Cross Utility Vehicle) со електричен погон. Предностите на Cross Turismo со четири врати вклучуваат емоционален дизајн со впечатливи „оф-роуд“ елементи, како и иновативен екран и оперативен концепт со екран на допир и контрола со движење на очите.

Со должина од 4,95 метри, концепт возилото има погон на сите тркала и 800-волтна литиумска батерија подготвена за спојување на мрежата за брзо полнење. Овoј концепт на Porsche, кое инаку успеа да ги привлече погледите на илјадници присутни на саемот во Женева, може да се полни со индукција, на бензинска пумпа или пак користејќи го домашниот систем на Porsche за полнење со електрична енергија. Со едно полнење може да се поминат околу 400 километри, а батеријата се полни за околу 15 минути.

- Advertisement -

Дизајн: Непогрешливата ДНК на Porsche

Ниската хауба и силно заоблените краеви, како и целиот преден дел на Mission E Cross Turismo, ја откриваат врската со спортската автомобилска икона Porsche 911. Вертикалните воздушни отвори на предниот дел, познати како воздушни завеси, само го дополнуваат карактеристичниот дизајн. Уште еден стилски печат се и LED светлата во стилот на Matrix. Типичните светла се развиени во тесни, тридимензионални стаклени елементи.

- Advertisement -

Истовремено, возилото има високи перформанси со технологијата Porsche X-Sight. „Оф-роуд“ дизајнираните елементи вклучуваат робусна заштита на тркалото и прагови на вратите, впечатлив преден и спуштен заден спојлер.

- Advertisement -

Силуетата е дефинирана од спортската линија на кровот која се спушта наназад, што дизајнерите на Porsche ја нарекуваат “flyline”. Ова потсетува на задниот дел на Panamera Sport Turismo. Еднакво карактеристичнo за брендот е динамичниот облик на страничните прозорци.

Внатрешност: Видливи лесни структури

Внатрешноста ги реинтерпретира класичните елементи на Porsche, кои го внесуваат брендот во дигиталната ера. Доколку ја земеме контролната табла на пример, таа ја нагласува ширината на возилото и е составена од горниот и долниот дел во форма на крило. Таблата со инструменти е хоризонтално јасно организирана со свеж дизајн и TFT екрани.

Возење: Спортски е-перформанс благодарение на 600 KS

Двата синхронизирани мотори со постојан магнет (PSM) имаат сила поголема од 600 KS (440 kW) и му овозможуваат на Mission E Cross Turismo забрзување до 100 km/h за помалку од 3,5 секудни и достигнување на брзина од 200 km/h за помалку од 12 секунди. Моќноста што ја нуди новиот концепт на Porsche е неспоредлива со кој било друг електричен автомобил, особено во делот со забрзувањето кое што следи без губење на перформансите

Сподели!
- Advertisement -