JavaSkop ’18 е еден од најпопуларните настани помеѓу ИТ заедницата во Македонија, а од година во година настанот руши рекорди по посетеност со тоа што минатогодишното издание го посетиле околу 400 луѓе. Како што пренесува порталот IT.mk, овогодинешното издание е закажано за 31 март, сабота, во просториите на киното Cineplexx во Skopje City Mall.
Од страна на киното се отстапени две сали во кои посетителите ќе можат да ги слушаат предавањата од ИТ експерти, додека пак во фоајето ќе можат да ги запознаат спонзорите на настанот, етаблираните македонски ИТ компании како Netcetera, Endava, Sorsix, Seavus и други.
Регистрациите за настанот се веќе отворени и доколку сакате да присуствувате, задолжително е да се пријавите преку веб страницата EventBrite. Настанот е бесплатен и е од отворен карактер, што значи дека секој може да се пријави и да присуствува.
Исто така веќе се најавени агендата и презентерите за JavaSkop ’18 кои можат да се видат на следниов линк. Предавањата ќе бидат на англиски јазик.
За дополнителни информации за настанот и организаторите, посетете ја веб страницата на Java User Group Macedonia.