ЕУ Инфо Центарот во Скопје најави онлајн натпревар за ново име и лого на кој може да се пријави за учество секој со што ќе дизајнира ново име и лого на центарот.
Новото име/логото треба да одразува слика на место кое нуди повеќе од само присуство на конференции. Тоа треба да биде место каде што се нудат различни настани, како филмски проекции, изложби, уметнички изведби, итн.
Целта на новото име е ЕУ Инфо центарот да биде препознат како неформално место, место што е различно од Делегацијата на ЕУ, место со релаксирана и топла атмосфера, отворен простор каде што ќе можете да читате книги или магазини или да ги користите таблетите и лаптопите, додека пиете шолја кафе.
Новотo име треба да биде инспирирано од идејата за топло и отворено место посветено на сите граѓани на земјата. За да се пријавите за учество, потребно е да пополните апликација на следнава веб станица: www.eucontest.mk
Наградените на натпреварот ќе освојат патување на Малта.
Краен рок за поднесување на пријавите е недела, 15 април 2018 година до полноќ, а повеќе информации за условите и концептот на лого и име можете да најдете на следниов линк.