Паметна четка за заби која нуди и емотивна поддршка

- Advertisement -

Шведскиот иновативен бренд Foreo ја претстави првата четка за заби со вештачка интелигенција наречена ISSALEXA која може да делува и како life coach односно да ги препознава вашите емоции и да ви пренесува пораки .

Како што пренесува N1, четката е електрична, а вештачката интелигенција која е интегрирана ги анализира течностите од внатрешноста на вашата уста што ѝ овозможува да процени каква емотивна поддршка ви е потребна на почетокот на денот или пред спиење. Кога четката ќе утврди одредени отстапки во нормалната состојба на течностите од устата кои го менуваат својот состав во услови на стрес, анксиозност, чувствителност, туѓа плунка, алкохол итн.

- Advertisement -

Имено, кога се чувствуваме анксиозно и под стрес, устата станува невообичаено сува и кога четката ќе ја примети оваа состојба, ви упатува пораки како „Успорете малку, работете за да живеете, а не живејте за да работете.“ 

Посебно интересна е способноста на четката да регистрира присуство на туѓа плунка во нечија уста, и во овој случај на четката се вклучува црвено светло и истата упатува хумористички коментари како „Некој повторно бил непослушен.“

- Advertisement -

Но првично четката е направена за да детектира здравствени проблеми и да промовира навики поврзани со оралното здравје. Вештачката интелигенција на четката приметува дали сте прескокнале или сте заборавиле да си измиете заби, па ќе ве потсети.

Сподели!
- Advertisement -