Париз планира до 2030 година да ги забрани сите автомобили освен електричните

- Advertisement -

Забраната за влез на автомобилите со мотор со внатрешно согорување во главниот град на Франција се донесува поради многу големо загадување на воздухот. Проширувањето на забраната за бензинците е радикална ескалација на политиката против загадувањето на воздухот во француската претолнина.

Париз најави дека до 2030 година ќе го забрани влезот во градот на сите автомобили со бензински или дизел мотори, пишува Al Jazeera Ballkans. Со овој потег ќе се забрзаат плановите за одвикнување на земјата од автомобилите кои согоруваат фосилни горива и ќе се премине на електрични возила во овој најпосетуван француски град од туристи, кој често мора да воведува привремена забрана на возила поради нечист воздух.

- Advertisement -

Париските власти во соопштението наведуваат дека Франција веќе одлучила дека 2040 година ќе биде крај за автомобилите на фосилни горива и дека за тоа е потребно постепено одвикнување во големите градови. „Овде станува збор за дологорочно планирање со стратегија која ќе ја намали емисијата на стакленички гасови“ изјави Кристоф Најдовски, одговорен за сообраќајната политика во канцеларијата на градоначалничката на Париз, Ана Хидалго.

„Сообраќајот е еден од најголемите производители на гасови со стакленички ефект и затоа планираме напуштање на возилата со мотори со вантрешно согорување до 2030 година“ додаде тој.

- Advertisement -

Париз, кој во 2024 година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри и во кој беше потпишан последниот договор за климатски промени, претходно најави дека пред почетокот на игрите ќе биде донесена забрана за дизел возила во градот.

Сподели!
- Advertisement -