Eco Cycle е решение за мaсовно складирање велосипеди

- Advertisement -

Eco Cycle е визионерско решение за масовно складирање на велосипеди, а доаѓа од Јапонија. Просторот е многу битен во големите и пренаселени градови, па конвенционалните методи за складирање не можат да ги задоволат потребите на растечкиот број жители, меѓу кои и на велосипедистите.

Според некои статистики, бројот на велосипеди во светот, а особено во САД, многу се зголемил во периодот до 2012 до 2017 година. Пред 2012 година бројот на велосипедисти само малку се зголемувал на годишно ниво, но сега бидејќи многумина ги препознаваат бенефитите од возењето велосипед и доколку градските власти ги поддржат нивните желби со соодветна инфраструктура, многу е веројатно дека се поголем број луѓе ќе ги заменат автомобилите со велосипеди.

- Advertisement -

Eco Cycle овозможува складирање на повеќе велосипеди под или над земја, а за да си го земете складираниот велосипед потребни се само 13 секунди. Било да е поставен на некоја јавна површина или во станбена, односно комерцијална зграда, ова е идеално решение за масовно складирање велосипеди во градовите.

Од компанијата која го прави велат дека потребни се околу 2 месеци за да се конструира. Целосно автоматизираниот систем е едноставен за употреба и има 24-часовен мониторинг. Вградени се сензори кои ги чуваат безбедни велосипедите на корисниците. Корисниците пристапуваат до системот со посебна картичка Integrated Circuit (IC) Card.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -