Сакате да пиете свежo еспресо додека возите? Handpresso ќе ви приготви едно за 2 минути

- Advertisement -

Handpresso е гаџет кој сите љубители на кафето ќе посакаат да го имаат во својот автомобил. Овој гаџет ви овозможува да направите свежо еспресо за само 2 минути исто толку вкусно како да сте го пиеле во некој луксузен кафе бар. На овој начин паузата од работа можете да ја претворите во вистински момент на релаксација каде и да се наоѓате.

- Advertisement -

Handpresso Auto доаѓа со два вида филтри – малиот се користи за E.S.E. кесички, додека поголемиот е за мелено кафе, а има и чаша и малечка салфета. На него има мал екран на кој можете да видите која е температурата на водата.

Како се користи?

- Advertisement -

Најпрвин го вклучувате во приклучокот за запалка. Додавате 50 мл ладна вода и кафе по избор. Притискате на копчето „старт“. По 2 и пол минути откако ќе слушнете титкање три пати едноподруго, го превртувате наопаку, ја земате чашата и притискате на копчето со сликичка од чаша. Откако ќе истече целото кафе, притискате на копчето стоп. Тоа е се. Сега можете да уживате во чаша свежо сварено кафе.

Сподели!
- Advertisement -