Универзитетот Американ Колеџ Скопје, односно Институтот за претприемништво и развој на лидерство при универзитетот, од утре организира недела на стартапи наречена Smart Up Start Up Week. Серијата од настани ќе трае една недела, до 19 април.
Иницијативата е наменета за поттикнување на претприемничкото размислување кај младите и промовирање на стартап сцената, а во текот на траењето на настаните, вкупно десет тима од 5 луѓе ќе презентираат и развиваат свои бизнис идеи при што ќе имаат можност да добијат менторирање од претприемачи, професори, професионалци и ентузијасти.
Програмата ќе започне утре, на 12 април, во 13 часот, кога освен што официјално ќе се отвори стартап неделата, ќе започнат и да се градат тимовите кои заеднички ќе ги развиваат своите стартап идеи.
Во текот на целата недела, тимовите ќе работат заедно со менторите, ќе се обучуваат за развивање на бизнис модели и ќе се едуцираат за како да го финансираат својот стартап и како да го претстават пред официјални инвеститори.
Во склоп на Smart Up Start Up неделата, предвидено е да се одржи и Social Impact Award 2018.
За деталната програма на стартап неделата и како да се пријавите, посетете го следниов линк.