Овој мал јапонски остров може да ја револуциoнизира глобалната економија

- Advertisement -

Малиот јапонски остров Минамитори може да ја револуционизира глобалната економија. Малиот остров „лежи“ на 16 милиони тони многу скапоцена кал. Калта под и околу островот е полна со ретки Земјини минерали кои се користат при производството на високотехнолошка опрема.

На пример, минералите од скапоцената кал се користат за производство на паметни телефони, хибридни автомобили и скапи радарски системи. Освен тоа, концентрацијата на минералите во калта на Минамитори е невообичаено висока и самата може да ја задоволи светската потреба за тие минерали со векови однапред.

- Advertisement -

Поконкретно, концентрацијата на итриум таму е доволна за целиот свет за 750 години, на европиум е доволна за 430 години, на диспрозиум за 730 години. Но, екстракцијата на минералите од морското тло е голем предизвик затоа што се наталожени на дури 6 километри под површината на океанот. Кога ќе се реши овој предизвик, во иднина материјалите за изработка на паметните телефони може да доаѓаат од калта под морското тло.

 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -