Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин

- Advertisement -

Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти.

Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk.

- Advertisement -

Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со цел подобрување на даночните услуги, намалување на времето на чекање и на метежите на даночните шалтери, навремена услуга и точен одговор за даночните обврзници.

„Услугата „Закажи средба“ овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП – Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување на даноци, постапки за наплата на долгови, правни прашања и консултација за други специфични прашања.“, појаснуваат од УЈП.

- Advertisement -

Доколку даночните обврзници не се во можност да присуствуваат на закажаниот термин, ќе треба да ја откажат средбата или да презакажат друг термин.

Сподели!
- Advertisement -