Кина постави акустични камери кои ги ловат возачите кои премногу свират

- Advertisement -

Повеќе од 5 милиони автомобили и возачи кои непрекинато свират во сообраќајниот метеж во Пекинг придонесуваат кинеската престолнина да биде шестиот најбучен град во светот. Но, властите сакаат тоа да го променат и по пилот проектот минатата година, пекиншката канцеларија инсталираше 20 акустични камери кои можат да идентификуваат автомобили кои свират на свирка.

Камерите се поставени во близина на училишта и болници и користат 32 микрофони и HD камери за да направат кратки видеа од автомобили кои свират. Тие снимки од 2 секунди потоа ќе ги анализираат полицајци за да проценат дали свирењето било потребно или не. Ако не било потребни, возачите ќе добијат парични казни од 16 долари.

- Advertisement -

Но, како што пишува Business Insider, звучното загадување не е ограничено само на улиците на Пекинг. Околу 40 градови, меѓу кои и Шенжен, инсталираа вакви камери кои имаат прецизност од 92% до 95%. Дел од проблемот е и хаотичното возење во Кина, каде што има премногу автомобили по патиштата.

Според Светската здравствена организација, во Кина во 2013 година имало повеќе од 260.000 жртви на сообраќајни незгоди, поради што земјата е најопасната земја во светот за возачите. Додека оваа последна технологија не може веднаш да ги идентификува возачите, нема да помине многу време додека акустичните камери се опремат со технологија за препознавање лицa.

Сподели!
- Advertisement -