Халкбанк АД Скопје е добитник на наградата “STP Excellence Award “ за 2017 од Commerzbank како признание за квалитет и брзина во процесирање на меѓународните плаќања.
Оваа награда е особено значајна и ја потврдува одличната соработка на Халкбанк АД Скопје со Commerzbank како и квалитетот и брзината на Банката во делот на процесирање на комерцијалните плаќања и трансферите на финанските институции.
Халкбанк постојано работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите , континуирано унапредувајќи ги своите услуги со цел заштеда на време и трошоци, а истовремено обезбедувајќи квалитетна и високо ефикасна услуга.
Во таа насока Банката продожува да работи на постојано усовршување на своите активности во делот на меѓународните плаќања , како и во сите останати делови на своето работење.