Венеција го ограничува бројот на туристи

- Advertisement -

Италијанскиот град Венеција постави привремени капии на двата моста кои водат во градот за да го стопира приливот на туристи во случај нивниот број да стане преголем. Мерката ќе биде на сила во текот на четирите празнични денови, заклучно со вторник, кога во градот се слави Меѓународниот ден на трудот, 1 мај.

Градската полиција го надгледуваше доаѓањето на туристите и процени дека уште нема потреба да се затворат капиите. Во Венеција има значително повеќе туристи отколку жители, а тесните улици во време на празници можат да станат речиси непроодни. Градот со децении не наоѓа решение за константно намалување на бројот на жители, а живее од туризмот.

Сподели!
- Advertisement -