Nissan LEAF е најпродаваниот електричен автомобил

- Advertisement -

Минатата фискална година, продажбата на електричните возила на Nissan се зголемила за 10% на глобално ниво, а кон тоа најмногу придонела растечката побарувачка за автомобилот Nissan LEAF, најпродаваниот електричен автомобил на светот, пренесува SEEbiz.

Благодарение на интересот на купувачите за втората генерација на новиот Nissan LEAF кој нуди поголем домет и нови, напредни технологии, се очекува растот на побарувачката за автомобилот да продолжи. Продажбата на новата генерација на моделот кој беше претставен во октомври 2017 година бележи раст во Јапонија и САД. За оваа фискална година се очекува продажбата на автомобилот да започне и во други делови од светот како Латинска Америка, Азија и Океанија.

- Advertisement -

„Успешната глобална продажба на електричните возила на Nissan е признание за нашата експертиза и потврда на нашата водечка позиција на подрачјето на технологијата за електрични возила“, изјави извршниот подпретседател на Nissan, Даниел Шилачи кој исто така раководи со оделот за возила на електричен погон во компанијата.

Тој додал дека невидената реакција на купувачите на Nissan LEAF, најнапредниот електричен автомобил во светот, значајно придонела кон растот на компанијата во 2017 година. Овој автомобилот е со најголема присутност на пазарот и достапност, а од компанијата очекуваат овој тренд да продолжи и во текот на оваа година.

Сподели!
- Advertisement -