Gala Systems е најголемиот производител на опрема за под бина во светот и е лидер во креирањето места кои се доволно флексибилни за во нив да се организираат различни настани. Gala Systems постои уште од 1980 година и прави електромеханички системи кои автоматски се трансформираат.
Со помош на Spiralift, најкомпактниот лифт систем во светот, компанијата Gala Systems досега има комплетирано повеќе од 1.650 проекти во 65 земји вклучувајќи лифтови за оркестри, лифтови за театарски бини, системи за седишта, лифотви за сцени, пијано лифтови за театри, аудиториуми, казина и мултифункционални простори.
Потребни се 10 до 30 минути за целосна трансформација и тоа овозможува во еден ист ден да се одржуваат повеќе различни настани на исто место.