Карпошани добиваат „Моја картичка – Мој Карпош“ за купување со попусти низ целата општина

- Advertisement -

Општина Карпош започна со првичните активности околу проектот за креирање на картичка за попусти и бенефиции „Моја картичка – Мој Карпош.

Овој проект, кој е дел од програмата на градоначалникот, Стефан Богоев, го спроведува Секторот за развој при Општината. За таа цел веќе се формираа тимови oд општинската администрација на Карпош кои излегуваат на терен, со цел да се информираат за интересот на угостителските објекти, локални кафулиња, ресторани, продавници, книжари и други субјекти и правни лица, да се приклучат кон проектот.

Примарната цел е граѓаните на Карпош да добиваат повеќе попусти и бенефиции во локалните угостителски објекти, а истовремено, да се зголеми интересот за производите и услугите на малите и средни бизниси.

- Advertisement -

Во оваа фаза општинските тимови ги мапираат заинтересираните субјекти, го претставуваат проектот чија намена е да ја раздвижи економијата на локално ниво, при што, од друга страна, пак, сопствениците пополнуваат анкетни прашалници кои ќе помогнат во конечното дефинирање на картичката Мој Карпош”.

Општина Карпош навремено ќе ги информира граѓаните за стартот на овој проект, со цел да аплицираат за добивање на ваква картичка, со потребните документи за лична идентификација.

- Advertisement -

Покрај бенефициите кои ќе ги имаат граѓаните и локалните бизниси, со оваа картичка за попусти се воспоставува и механизам на соработка меѓу локалната власт и бизнис секторот. Првичните впечатоци кои ги споделуваат нашите анкетари е дека постои вистински и искрен интерес кај фирмите.

Заинтересираните бизниси својот интерес може да го изразат и по електронски пат, со испраќање на порака на e-mail адресаkontakt@karpos.gov.mkсо што ќе им биде доставен анкетниот прашалник за пополнување.

Сподели!
- Advertisement -