Social Impact Lab и ФИТР организираат Goodbiz Bootcamp Skopje за развој на бизнис идеи

- Advertisement -

На 21 и 22 мај 2018 година ќе се одржи дводневниот настан Goodbiz Bootcamp Skopje – валидација на бизнис и импакт модел „Добар бизнис” во Јавна соба во Скопје.

Ова е уникатна можност за (социјалните) претприемач(к)и да го заокружаt своето знаење, искуство и вештини со цел унапредување и растење на сопствениот бизнис.

- Advertisement -

Во времетраење од два дена локалните претприемач(к)и ќе работат на анализа и развој на нивниот бизнис модел, производ и/или услуга и целокупната вредносна пропозиција која ја нудат. Интензивниот тренинг ќе биде фасилитиран и поддржан од искусни личности од бизнис светот од Македонија, но и надвор од државата, кои ќе ја имаат улогата на ментори и тренери.

Тимот на тренери и ментори се состои од Бистра Кумбароска која ќе биде главен тренер, Кристина Форстер од Австрија, Хозе Антонио Моралес од Австрија/Словенија и Весна Кузмановиќ од Македонија.

- Advertisement -

За времeтраење на програмата учесниците и учесничките ќе научат да го изберат најсоодветниот бизнис модел за нивниот стартап, да ги пронајдат своите потрошувачи, да развијат основен буџет и финансиски модел/план и да развијат модел и алатки за мерење на импактот.

Идеалните апликанти се настанот се претприемач(к)и кои се во рана фаза на развој на нивниот бизнис, студенти, граѓански организации кои спроведуваат економски активности, како и традиционални претприемач(к)и кои покрај максимизацијата на профитот, сакаат да остварат и позитивно влијание врз општеството. Идеално, бизнисите треба да имаат веќе докажан концепт.

- Advertisement -

Учесниците на настанот ќе стекнат нови знаењa, искуства, вештини и методологии, потврда на бизнис и импакт моделот и раст на бизнисот.

За да учествувате потребно е да се пријавите најдоцна до 18 мај на следниов имејл: info@socialimpactlab.co

Настанот е организиран во соработка со Фонд за иновации и технолошки развојImpact Hub ViennaSocial Impact Award и Heartbeats.

Сподели!
- Advertisement -