Секој посакува да остави добар прв впечаток. Постојат неколку нешта кои треба да почнете да ги практикувате доколку и вие сакате да го постигнете ова.
Одредени истражувања покажале дека луѓето кои очекуваат дека ќе бидат прифатени, всушност се перципирани како подопадливи. Кога ќе настапите во одредена група на луѓе со очекување дека на многу од нив ќе им се допаднете, тогаш вие тоа го покажувате со самата ваша појава, односно со невербалните знаци кои ги демонстрирате.
За кои невербални знаци станува збор?
- насмевска
- одржување контакт со очите
- смеење
- одржување физичка дистанца
- мимицирање на невербалните знаци кои ги добиваме од соговорникот
Многу од овие невербални знаци кои би ги правеле, како насмевката, одржувањето контакт со очите, поттикнување на разговор итс. се логични, но многумина би се запрашале зошто мимицирање на невербалните знаци кои ги добиваме од соговорникот.
Истражување покажало дека кога ги имитираме невербалните реакции од соговорниците, тогаш им даваме до знаење дека разбираме како точно тие се чувствуваат и градиме емоционална врска. Бидејќи емоциите најчесто ги искажуваме невербално, копирањето на овие невербални реакции прави да оставиме добар впечаток кај соговорникот бидејќи нему му се јавува чувство дека се поврзуваме.
Не мора да значи дека треба да го правите ова за да му се допаднете некому повеќе. Ова е всушност невербална реакција која често пати ја гледаме помеѓу докторите и пациентите или продавачите и купувачите. Кога некој ни се допаѓа, тогаш и ние се однесуваме на начин за да изградиме доверба кај тој човек.
Обидете се да ги имплементирате овие невербални знаци во вашето однесување следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога сакате да оставите добар впечаток, а внимавајте и на ставот и гестовите бидејќи и тие можат да бидат клучни во обидот да го контролирате мислењето кои другите ќе го имаат за вас.