Corc Yoga Mat е подлога за вежбање направена од дрво

- Advertisement -

Подлогите за јога или какво било вежбање, се одлични. Нудат совршена поддршка кога треба да правиме вежби за истегнување, да се релаксираме, да допреме до внатрешното „јас“ и да си ја подобриме флексибилноста. Најголем дел од подлогите се направени од поливинил хлорид (PVC), кој се смета за една од најтоксичните пластики која испушта гасови и додека вежбате можете да внесете штетни хемикалии во белите дробови.

Освен тоа, поливинил хлорид не се распаѓа, што значи дека вашата подлога за вежбање ќе биде тука и кога ќе бидат родени вашите пра-пра-пра-пра-правнуци. Тоа сигурно не е наследството кое сакате да им го оставите на вашите потомци, пишува TreeHugger.

- Advertisement -

Сепак, постојат и некои еколошки алтернативи како што се Manduka подлогата направена од чиста гума или Barefoot Yoga Eco Mat, направена од јута и гума, но она што најмногу заслужува внимание  е подлогата Corc Yoga Mat. Оваа подлога е најудобната, најмеката подлога, која се витка во ролна како и секоја друга. Она што е необично е што е направена од плута, која е хипоалергенска, па е најдобар избор за подлога на која ќе се испотите затоа што нема да мириса и нема да дозволи развој на микроби.

- Advertisement -

Овие подлоги се прават во Португалија, каде што плутата се прави од дрвја кои си ја обновуваат кората секои 9 години. Индустријата за производство на плута обезбедува 20.000 сезонски работни места во повеќе од 500 фабрики секоја година. За производството на Corc Yoga конкретно партнер е компанија која работи веќе 100 години.

Подлогата можете да ја користите како и секоја друга. Ја има во две големини – за деца и за возрасни. Можете да ја нарачате онлајн на следниот линк https://corcyoga.com/.

Сподели!
- Advertisement -