Десет професии кои нема да постојат по 20 години

- Advertisement -

Нема индустрија која не е засегната од влијанието на технологијата. Некои работници како што се диспечерите имаат поголем ризик од компјутеризација отколку други затоа што работнитете места кои се врзани за рутина и повторувачки активности нема да постојат за 20 години отсега. Денес технолошкиот напредок се чувствува на секое поле и додека некои индустрии цветаат, други страдаат поради автоматизацијата и дигитализацијата.

Добрата вест е дека автоматизацијата не е синоним за губење на работата. Всушност, многу работници нема да ја изгубат работата туку ќе им биде редефинирана улогата за да се задоволат потребите на општествто кое постојано се менува. Некои професии сепак нема да постојат за 20 години отсега. Од продавачи во синџири за брза храна до дрвосечачи, еве кои се десетте професии според  This is Insider  кои нема да постојат во 2038 година.

- Advertisement -

Касиери
Постојано се појавуваат каси на кои плаќате и скенирате сами, а се појавуваат и роботизирани продавници во кои не се потребни ни касиери, ни други вработени. Според истражувања на Allied Market Research, индустријата за самостојно плаќање ќе вреди 31,75 милијарди долари до 2020 година.

Готачи во синџири за брза храна
Роботските кујни многу набрзо ќе ги сменат готвачите во ваквите ресторани. Една од најпривлечните карактеристики на брзата храна е тоа што е постојана, менијата се стандардизирани, па има мала варијација во вкусот од локација до локација. Токму затоа има 81% шанса готвачите во ваквите синџири да ги заменат автоматизирани кујни.

- Advertisement -

Продавачи на накит

- Advertisement -

Се зголемува бројот на продавници за накит кои се затвораат. Индустријата за накит изминатите години забележува пад. Една од причините е фактот дека миленијалците ги трошат своите пари на искуства, а не на материјални работи.

Поштари
Во 70-тите и 80-тите години многу деца од предградијата работеле како доставувачи на весници, се додека не почна дигиталната ера. Денес најголем дел од луѓето читаат весници онлајн, па токму затоа многу поштари остануваат без работа. Да не споменуваме и дека постојат роботи кои доставуваат пратки до дома.

Спортски судии
Напредокот на технологијата придонесува за пад на бројот на спортски судии затоа што моменталното репризирање на некој удар или прекршок е поверодостојно отколку пресудата на судијата. Во 2016 година професионалните судии заработувале помалку од 25.000 долари, а трпат и физичка и вербална злоупотреба од лутите фанови. Сето тоа значи дека нема многу млади кои ќе сакаат да ги заменат.

Читачи нa електрични саати
Како што дигиталните електрични саати стануваат се поспособни, традиционалните читачи на тие саати и обучените професионалци кои ги проверуваат лично се исфрлаат од потреба и се заменуваат со технологии кои овозможуваат проверка на потрошената струја без одење на лице место.

Телемаркетери
Според едно истражување од 2013 година на Универзитетот Оксфорд, иднината на телемаркетерите е црна. Ова предвидување се базира на фактот дека иако телемаркетингот е интеракција, не е персонализиран и нема потреба од високо образование, па постои голем ризик овој бизнис да биде компјутеризиран.

Туристички агенти
Туристичките агенции се неопходни за организирање патување. Не само што агентите таму ги филтрираат содветните патувања за вас, туку ви чекираат билети и ви даваат неопходни информации, како мапи и брошури. Но, денес има толку многу веб страници каде што сите овие активности се прават одеднаш и бесплатно што нема потреба од луѓе агенти.

Диспечери
Транспортот денес станува понезависен поради многуте апликации за споделување превоз. Патниците можат да си го планираат патувањето предвреме преку својот телефон, а возачите користат технологија за да им кажат која рута е најдобра. Во целиот тој круг се изоставаат диспечерите.

Дрвосечачи
Општествата денес стануваат се „позелени“ поради проблемите со климатските промени и борбата за поодржлива планета. Не само што хартијата се помалку се користи поради дигитализацијата, туку се бараат поеколошки алтернативи за дрвото.

Сподели!
- Advertisement -