Науката докажа зошто читањето книги треба да ви биде приоритет

- Advertisement -

Според статистиките, 26% од возрасните во Америка признаваат дека немаат прочитано ниту една книга минатата година. Но, според студија спроведена на Универзитетот во Торонто, редовното читање на книги треба да ви биде приоритет бидејќи истата покажала дека читањето фикција ви помага да бидете со поотворен ум и покреативни.

Учесниците во студијата кои читале кратки романи од жанрот фикција на крајот покажале дека се поотворени споредено со учесници кои читале само нефиктивни есеи.

„Иако читањето на нефиктивни четива им овозможува на студентите да апсолвираат одредена тематика, не значи дека им помага да размислуваат покреативно и критички за тематиката. Еден доктор може да поседува енциклопедиско знаење за својата област, но тоа не значи дека докторот нема да „замрзне“ кога нема да може да постави одредена дијагноза за симптомите кои се манифестираат само поради тоа што не знае да размислува поотворено.“ напишале авторите на студијата.

- Advertisement -

Од друга страна пак, истражувачи од Универзитетот Јејл, работеле со 3.635 луѓе постари од 50 години и откриле дека луѓето кои читаат барем 30 минути во денот, живеат во просек околу 23 месеци повеќе отколку луѓето што воопшто не читаат или читаат само магазини и весници. Евидентно е дека навиката да се читаат книги го тренира мозокот на многу работи како зголемување на вокабулар, критичко размислување и концентрација. Читањето исто така позитивно влијае и на емпатијата, општествената перцепција и емоционалната интелигенција поради што луѓето успеваат подолго да се одржат витални.

Читањето 50 книги во годината е цел која може да се оствари

- Advertisement -

Иако читањето на една книга недела ви делува амбициозно, всушност е остварливо дури и за најзафатените луѓе. Едноствано, ќе го намалите времето кое го минувате на телефонот и на телевизија и ќе го пренасочите кон читање, а ќе читате и додека појадувате, пиете кафе, додека сте во воз или автобус итн.

- Advertisement -

Исто така, најуспешните луѓе во светот се посветени читачи бидејќи оние кои постигнуваат многу на професионален план се посветени на лично унапредување. Стотици успешни лидери, претприемачи, доктори, писатели итн ги споделуваат книгите кои им помогнале да станат тоа што се, а еве и неколку предлози со кои може да почнете.

  1. Губејќи ја невиноста (virginity) од Ричард Бренсон, приказната за брендот Virgin раскажана од основачот
  2. Кога здивот станува воздух од Пол Каланити, автобиографија на хирургот кој раскажува за својата борба со тешката болест рак додека ја гради кариерата и семејството
  3. Војна и мир од Лав Толстој, познатиот руски класик кој апсолутно секој треба да го прочита
  4. Гордост и предрасуда од Џејн Остин, уште еден класик но од англиската литература кој зборува за истрајноста на една жена во патријархален свет
  5. Знам зошто пее заробената птица од Маја Анџелоуавтобиографија за животот како афроамериканска девојка
Сподели!
- Advertisement -