Меѓународни интернет сервиси се клиенти на новиот дата центар neoDC на компанијата Неоком во Скопје!

- Advertisement -

На површина од 350 квадратни метри, Неоком, компанија со 28-годишно искуство, отвори современ дата центар според сите светски стандарди. Инвестицијата во neoDC има клучна цел, на македонските компании но и на компании од цел свет да им понуди најсовремено решение за складирање и манаџирање со нивните податоци

(Разговараше- Верица Јорданова)

„Со оглед што македонскиот пазар доцни технолошки 3 и 5 години, а самата тема во западна Европа е доста развиена и барана сметаме дека е право време за воведување на овој тип на услуги во Р. Македонија.

- Advertisement -

Дополнително, сите големи компании кои нудат дигитални сервиси како Google, Facebook, Netflix па и големите интернет провајдери имаат потреба да бидат што поблиску до своите корисници за подобро корисничко искуство. За таа цел, потребна е колокација на нивните услуги на нашата територија но соглед на големината на нашиот пазар, градење на сопствени дата центри е неекономично“, ја објаснуваат од Неоком потребата за една ваква инвестиција.

- Advertisement -

Во сала со површина од 110 квадратни метри се чува опремата во услови на контролирана температура, влага и квалитет на воздух, контрола на пристап и противпожарна заштита. Центарот има дополнителни простории за интерконекција и за напојување на машински соби каде по различни патеки се носи струјата и секој уред се напојува од две страни со што се минимизира можноста уредите да останат без струја.

За да се постигне ова беше инвестирано во дополнителни UPS (батериски системи за непрекинато напојување) системи и дополнителни агрегати. Дата центарот работи 24/7 при што клиентот може да дојде, да се идентификува и да работи во дата центарот во кое било време. Имаат на располагање и дополнителни услуги, како што се посебна канцеларија каде клиентот може да се седне и да работи, а е директно поврзан со неговиот кабинет и опремата во дата центарот.

- Advertisement -

„Нашиот план е да изградиме уште два дата центри: еден во Скопје и еден во Битола. Во Битола купивме објект кој ќе го срушиме и целиот дата центар ќе го градиме од почеток каде планираме да тестираме и некои нови технологии. Конкретно, таму сакаме да употребуваме еколошка електрична енергија за напојување на дата центарот, енергијата на земјата да ја користиме за ладење, а топлината што се генерира од дата центарот да ја употребиме за греење на канцелариските простории. Главниот профит од дата центрите доаѓа ако истиот е енергетски ефикасен. Во овој центар лимитот ни е околу 100 киловати, а во Битола го планираме до 200 киловати“, вели Јане Антов, раководител на систем интеграција во Неоком.

Што е дата центар? Кои се предностите за клиентите?

Поедноставено да се објасни, сите знаеме дека за да работи една фирма неопходни се компјутери, но и сервер каде што ќе се чуваат податоците кои се прибираат и обработуваат во компјутерите. За да работат и да не се расипуваат, на серверите им се неопходни специфични услови: температура од 22 степена, влага од 40 до 60%, да нема никакво загадување што значи да нема ни гипс-картон во просториите. Таа просторија исто така треба да биде контролирана и безбедна за да се спречи несакана кражба на податоци. Но, сето тоа чини пари.

За да се направи сервер-соба од само 50 квадрати метри неопходна е инвестиција од околу 90.000 евра! Заради високите трошоци, но и стручноста неопходна за оваа работа компаниите користат услуги кои ние ги нудиме во дата центарот neoDC.

Зошто некој да инвестира толку многу пари кога може да плаќа месечен надомест за користените услуги. Овој модел на изнајмување на Запад веќе со години се користи. Банките, пак, имаат и законска обрска да имаат и еден дата центар надвор од градот каде што се лоцирани, како резерва ако случајно дојде до несакана ситуација во првиот дата центар. Тоа значи дека на пазарот веќе се забележува пораст на побарувачката на услуги од вакви дата центри“, објаснува Антов за Иновативност.

neoDC веќе има сериозни клиенти: HBO за Македонија, американската компанија Akamai, Facebook, Netflix и Google кои имаа сервери овде со цел да понудат беспрекорна услуга на корисниците во Македонија. Дата центарот функционира веќе шест месеци. Моментално е искористен 40% од неговиот капацитет со амбициозен планот до крајот на годината да биде целосно искористен, Неотел веќе интензивно преговара со надворешни компании кои се присутни во Бугарија, а го опслужуваат и пазарот во Македонија, Албанија и Косово, како и со Turk Telekom.

Зошто neoDC е уникатен на пазарот?

Клучната карактеристика на neoDC е што истиот е carrier neutral. Тоа значи дека корисниците не се обврзуваат да користат услуги од одреден телекомуникациски оператор. Во дата центарот се присутни сите поголеми телекомуникациски оператори од државата вклучувајќи го и Неотел.

Освен што на пазарот се разликува токму по оваа неутралност, друга важна карактеристика на овој дата центар е технологијата која ја користи и концептот за целосно квалитетно корисничко искуство.

Сподели!
- Advertisement -