Прв ко-брендиран салон на „Европа“ и „Сковин“

- Advertisement -

 „Вајн & чоколејт” (Wine & Chocolate) e првиот ко-брендиран салон на „Европа” и „Сковин” на плоштадот Македонија во Скопје

На нашиот град му беше потребен современ и елегантен салон, во кој може да се пронајдат најубавите сортни вина од „Сковин” и највкусните ексклузивни чоколада и десерти од „Европа”. Салонот е местото каде спектарот на различните ароми и слатките вкусови се претвораат во едно!, изјави за InStore Ања Славковиќ, стручен соработник по маркетинг во „Европа” при отворањето на салонот лоциран во Ристиќевата палата на плоштад Македонија во Скопје

Асортиманот на „Вајн & чоколејт” се состои од ексклузивните чоколада со додатоци на „Европа” – темните чоколада Elite, бонбониерите Cherry, Hazelnut, Coffee, Minty, Harmony и Symphony, како и од сортните вина на „Сковин” – Temjanika, Kale, Chardonnay Barrique, Scupi Couvee, Markov Manastir, Skovin Penlivo…

- Advertisement -

Ова освежување е најава за заедничките намери да ја продолжиме приказната со нов и модерен изглед, внесувајќи елегантен и современ призвук, во чекор со светските трендови, истакнува Славковиќ и открива дека отворање на салони од овој тип, се планираат и во иднина.

- Advertisement -

(www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -