Coca-Cola влегува на уште еден нов пазар – ќе прави здрави пијалаци на растителна база

- Advertisement -

Coca-Cola го претстави AdeZ, нов асортиман на вкусни растителни пијалаци за здрава и балансирана исхрана, со кои влегува во нова пазарна категорија на европскиот пазар. Растителните пијалаци се исклучително популарни, па тој пазарен сегмент расте експоненцијално. Од славни личности до врвни спортисти, веганството станува се повеќе „ин“ и сите зборуваат за тоа. AdeZ е прв производ на Coca-Cola во таа категорија, а развиен е со цел хранливите здрави пијалаци да станат достапни и привлечни за поголем број купувачи, пренесува SEEBiz.eu.

Производите AdeZ се комбинација од бадеми, ориз, соја, витамини и минерали, стевиа и овошен сок од различни видови овошје кои создаваат богат, густ, одличен вкус во кој можете да уживате во кој било дел од денот без додадени шеќери. Асортиманот вклучува две комбинации во пакувања од 25о мл, што е доволно за еден оброк, дизајнирани за консумација во движење и претставуваат единствена категорија во овој сегмент на пијалаци. Има и пет опции во пакувања од 800 мл, во кои можете да уживате во домашни услови за појадок или во кој било дел од денот. Амбалажата не само што е атрактивна, туку е и во согласност со еколошките концепти и е направена од материјалот PlantBottle, кој целосно може да се рециклира и 30% се состои од растенија.

- Advertisement -

Брендот AdeZ потекнува од Аргентина, каде што е популарен под името AdeS (alimentos de soya – храна на база на соја или alimentos de semillas – храна на база на семки). Во Мексико, Бразил и во Аргентина тоа е најпопуларниот пијалак во својот сегмент. Coca-Cola го купи брендот во март 2017 година и го обнови за целосно лансирање на европскиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -