Научникот од МИТ, Маниша Мохан, создаде уред наречен Intrepid, кој може да ги спаси жените од сексуален напад. Уредот е во форма на тенка лепенка која е создадена со цел да детектира и да спречи сексуален напад. Конектиран е со вашиот телефон преку Bluetooth и може да го ставите на некое парче облека. Најчесто се става на внатрешната страна од градникот.
За да го користите мора да ја симнете придружната апликација на телефон и да внесете пет контакти на кои ќе им испрати порака или ќе им се јави во случај на потреба. Апликацијата ги снима средбите кога нема одговор од корисникот, а потоа тие снимки може да се искористат на суд доколку се случил обид за сексуален напад и се поднесе тужба.
Мохан вели дека таа го тестирала уредот на околу 70 луѓе за да види дали им е удобен кога го носат и открила дека луѓето го ставаат на различни парчиња облека во зависност од нивните навики. Во случај да го ставите по грешка во машина за перење, може да преживее едно перење.