Томе Главчев – бизнис личност во Југоисточна Европа

- Advertisement -

Томе Главчев, сопственик на македонската текстилна компанија „Ноел“, е избран за бизнис личност во Југоисточна Европа, според одлуката на жирито составено од универзитетски професори и стопанственици во регионот кое му го доделува признанието за долгогодишно успешно менаџирање  и освојување на светските пазари.

„Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевегелија, со над 800 вработени, е најдобар пример за  „вештините  во донесувањето стратешки одлуки, способност  да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. Ноел е исклучителен пример на македонско и регионално креирање  силен и динамичен економски развој“, се наведува образложението за признанието на Бизнис личност во Југоисточна Европа -2018, што Главчев ќе го прими во Белград на 18 јуни.

- Advertisement -

Признанието „Бизнис личност има за цел да ја фокусира јавноста на најуспешните претприемачи во Југоисточна Европа“.

Сподели!
- Advertisement -