Борово претстави пет нови модели од култните женски работни чевли

- Advertisement -

Моделот на женски работни чевли „Боросана“ кои хрватската фабрика Борово почна да ги произведува во 1968 година, по повод одбележување на 50 години од првото производство доживеа пет нови модели кои наскоро ќе се појават на пазарот, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

„Постојат обични чевли, а постојат и чевли кои имаат некоја приказна позади нив каков што е случајот и со чевлите „Боросана“ чии нови модели го задржаа дизајнот и обликот, но со нови и поведри бои, како и од поквалитетни материјали.“, изјавиле од Борово.

Слично како и претходните, новите модели на Борово женските чевли се наменети за жени кои работното време најмногу го минуваат во стоење, односно работнички во производство, хотели, аптеки, продавници итн. Станува збор за анатомски обувки со висина на петата од 4 сантиметри што се смета за идеална висина.

- Advertisement -

Чевлите овојпат имаат и влошки од модерни материјали што ги прават поудобни за движење. Организаторката на производство во Борово, Јасна Пејиќ, изјавила дека за да се произведе еден чифт од чевлите потребни се околу 90 минути со тоа што секој чифт минува низ рацете на околу 30 вработени во фабриката во Вуковар.

- Advertisement -

„Станува збор за чевли кои содржат околу 30 делови и кои во однос на старите модели на „Боросана“ се дополнително унапредени и подобрени. Се изработуваат рачно и од природни материјали, а на ден се произведуваат околу 250 чифта. “, додала Пејиќ. Работничките од фабриката кажале дека работата е релативно тешка но работните операции со текот на времето се совладуваат.

Според податоците од фабриката, во првите години кога почнале да ги произведуваат овие чевли, дневно се изработувале околу 1200 чифта, со тоа што во првата година биле произведени 200 000 чифта од култните чевли. Во текот на 1970-тите години, производството дошло и до број од 500 000 чифта чевли годишно.

Сподели!
- Advertisement -