Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го избра Белград за регионално седиште

- Advertisement -

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Ален Пију објавил дека Белград е избран како регионално седиште на ЕБРД за сите шест земји од Западен Балкан, јави Biznis Info.

„Ова е важна промена и знак дека ЕБРД сака да биде поприсутна на терен на целиот Западен Балкан.“, изјавил Пију заедно со министерската за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Зорана Михајловиќ.

ЕБРД секоја година инвестира околу милијарда евра во земјите од Западен Балкан. Еден од приоритетите на банката е развој на инфраструктурата со цел ојакнување на економискиот раст во регионот и подобро поврзување на земјите меѓусебно и со остатокот од Европа.

- Advertisement -

До сега, ЕБРД во регионот кој ги опфаќа земјите Албанија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово има инвестирано вкупно околу 10,6 милијарда евра.

Сподели!
- Advertisement -