ИКЕА до 2030 година ќе користи само обновливи и рециклирани материјали

- Advertisement -

Најпознатиот шведски малопродажен синџир ИКЕА до 2030 година сака да почне да користи само обновливи и рециклирани материјали во производството. Компанијата сака сиот мебел што го продава да биде еколошки и до 2030 година се што произведува ИКЕА ќе биде направено да може да се реупотреби.

Исто така, како што веќе информиравме, од продавниците ќе ги отстрани сите производи кои се направени од пластика за еднократна употреба. Понатаму, во своите ресторани ќе ја зголеми понудата на вегетаријанска храна и ќе се потруди до 2025 година доставата на производите до домовите на купувачите да биде со нула емисија на штетни гасови.

- Advertisement -

Моментално, 60% од производите кои може да се најдат на полиците во ИКЕА се направени од обновливи материјали, додека 10% се направени од рециклирани материјали. Иако многумина аплаудираат на овој потег на ИКЕА, сепак велат дека во целата индустрија треба да се преземат поголеми мерки за борбата против пластичниот отпад да биде поефикасна.

Секоја минута во океаните завршува по еден камион пластичен отпад и сите ние мора да го смениме нашиот животен стил.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -