Мали роботи за достава на храна почнаа да работат во Силиконската Долина

- Advertisement -

Технолошките компании се познати по бројните бенефиции кои им ги овозможуваат на вработените, меѓу кои е и бесплатната храна. Идејата е ако вработените јадат во рамките на кампусот, побрзо ќе се вратат на работа. Сега во Силиконската Долина почнаа да работат мали роботи, кои на технолошките работници во Силиконската Долина им носат храна и други потребни работи.

Starship Technologies е стартап за роботика со седиште во Лондон, кој ја најави првата голема флота автономни роботи за достава по кампуси во САД и во Европа. Роботите веќе почнаа да доставуваат од храна до канцелариски материјали, а компанијата планира до крајот на 2018 година да има пуштено во употреба 1.000 возила, пишува Business Insider.

- Advertisement -

Основачите на стартапот претходно развивале роботи за собирање примероци од карпите на Марс и на Месечината. Подоцна истата технологија ја примениле за развој на автономните роботи за достава. Стартапот собра 17 милиони долари во рунда предводена од компанијата-мајка на Mercedes-Benz, Daimler, во 2016 година.

Секој робот има 9 камери и ултразвучни сензори, кои креираат еден вид замислен меур околу роботот. Кога во видик ќе се појави немапиран предмет, како човек или скеле, роботот брзо носи одлука дали ќе застане или ќе заобиколи.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -