Starbucks затвора 150 кафетерии ширум светот

- Advertisement -

Познатиот синџир кафетерии Starbucks затвора 150 локали ширум светот. Ова е последица на лошите бизнис резултати во првиот квартал од годината, поради што вредноста на акциите на Starbucks за само неколку часа падна за 5%, пишува SEEBiz.eu.

Локалите кои биле отворени пред повеќе од една година требало да имаат раст на прометот од околу 2,9%, но оствариле раст од само 1%. Поради тоа Starbucks најави бројни радикални промени. Од идната година нема да отвора кафетерии таму каде што веќе се силно присутни, а ќе затвори 150 локали кои не ги оствариле очекувањата, што е три пати повеќе од 50-те локали кои просечно ги затвораат секоја година.

- Advertisement -

Мораме брзо да се прилагодиме на нашите клиенти и на нивните барања“, изјавија од Starbucka. Starbucks во последно време има доста проблеми.

Хауард Шулц даде оставка од местото директор на компанијата затоа што планира да се кандидира за претседател на САД, а по скандалот со исфрлањето на Афроамериканци од локал на компанијата воведени се нови правила според кои секој може да седи во кафетерија на Starbucks без разлика дали нарачал нешто или не.

Сподели!
- Advertisement -