Хрватската ОК клупа ја собира дождовната вода

- Advertisement -

Дизајнерското дуо од хрватскиот град Шибеник, Франка Барановиќ и Антонио Шунјерг, на фестивалот Design District во Загреб ја претставија својата иновативна ОК клупа.

Како што пишува Poslovni Dnevnik, се работи за клупа која е дел од јавната инфраструктура и е еколошка благодарение на системот за наводнување и собирање на дождовна вода кој го користи. На ОК клупата освен што може да се седе, може и да се подлегне, а има и интегриран паркинг за велосипеди. Веќе се поставени 10 вакви клупи во неколку хрватски градови.

- Advertisement -

„Воедно придонесовме и за пошумувањето бидејќи покрај клупите се посадени и 10 борчиња од врста на дрвото која не ја закиселува почвата“ изјави Барановиќ.

Клупите доаѓаат во темна и во бела боја, но и во екстравагантна тиркизна варијанта. Дизајнерите ја претставија клупата и на дизајнерската недела во Милано, каде што навистина го привлекоа вниманието на посетителите.

- Advertisement -

„На клупата додадовме и игра од нашето детство за да биде интересна приказната за клупата“ изјави Шунјерг.

Дуото досега има неколку успешни дизајнерски проекти позади нив, како и соработка со познат хотел во Шибеник. Еве како изгледа нивниот најнов проект, клупата ОК.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -