Ова се најскапите градови во светот за странци

- Advertisement -

Хонгконг е најскапиот град за живеење во светот кога станува збор за странци кои работат во други земји освен нивната татковина, покажа последното истражување на меѓународната консултанска куќа Mercerкое ги споредува трошоците за живот во различни градови низ светот.

Како што пренесува CNN, градот се враќа на највисоката позиција оваа година од втората позиција која ја држеше минатата година и се наоѓаше под Луанда, главниот град на Ангола.

- Advertisement -

Истражувањето споредува широк спектар на трошоци – од цените за сместување до цените на пивото и лебот на различни локации. Се земаат предвид цените на 200 производи и услуги на секоја локација, вклучувајќи транспорт, облека, храна и забава, билети за филмови, чаша кафе, литар бензин и друго. Mercer ги дефинира странците кои се предмет на истражувањето како луѓе испратени да работат во странски земји, различни од нивната родна земја, за релативно долг временски период.

Во рангирањето оваа година по Хонгконг, на второто место е јапонскиот главен град Токио, а потоа следуваат Цирих и Сингапур, додека Сеул е петти по ред. Четири од петте најскапи градови за странци во светот се наоѓаат во Азија.

- Advertisement -
Цирих

После овие пет града, на ранг-листата следуваат Луанда, Шангај, главниот град на Чад – Нџемена, Пекинг и Берн.

„Силните кинески монетарни регулативи, економијата во раст и напорите да се издигне кинеската валута јуан како меѓународна, придонесе кинеските градови да се искачуваат на рангирањето“ изјави Ивон Трабер, една од главните истражувачи.

- Advertisement -

Најевтиниот град за странци, според рангирањето, е Ташкент, престолнината на Узбекистан, кој се наоѓа на 209-то место во рангирањето по Тунис и Бишкек, главниот град на Киргистан.

Mercer го користи Њујорк како појдовна точка во споредувањето на цените со другите градови, а ги пресметуваат девизните разлики на база на американскиот долар. Како резултат на поскапувањето на британската фунта во однос на доларот, Лондон се искачи на овогодишното рангирање од 19-то на 10-то место.

Меѓу другите поголеми европски градови во рангирањето се наоѓаат Франкфурт (68), Берлин (71), Минхен (57), Париз (34), Рим (46), Мадрид (64), Виена (39), Москва (17) Санкт Петербург (49) и Киев (173).

Сподели!
- Advertisement -