Како нова, модерна верзија на невидливо мастило, суперхидрофобните премази може да се искористат за да се направи сокриена улична уметност која е невидлива додека не се навлажни место каде што е насликана. Перегрин Черч е уличен уметник од Сиетл кој креира серија улични уметнички дела наречена Rainworks со помош на хидрофобни премази кои во Германија се користат за борба против уринирање на јавни површини.
Черч создава уметнички дела спонтано затоа што од градските власти има дозвола дека тоа што го прави е легално. Премазот кој го користи не е токсичен, не е траен, само понекогаш е видлив и неговата уметност не рекламира ништо. Тој вели дека во зависност од тоа колкав дел од тротоарите користи, неговите дела траат од 4 месеци до една година, но најдобро се гледаат првите неколку недели откако ќе ги наслика.
Неговите дела се различни. Има се: од уметнички цртежи и забавни и мотивациски пораки до игри како „шарка“, кои може да се играат само кога врне.