TOП 200 компании во САД потрошиле 155 милијарда долари за огласување, најмногу на интернет

- Advertisement -

Огласувањето на првите 200 водечки огласувачи во САД е зголемено за 1,1% во однос на 2016 година. Овие компании лани потрошиле 155 милијарда долари за огласување!

Amazon потроши 3,37 милијарда долари за огласување и се наоѓа на 4. место во САД по потрошен буџет за реклами. Ова е огромен скок ако се земе предвид дека во 2010 година се наоѓаше на 70. место.

Вкупно 41 компанија од првите 200 потрошиле повеќе од милијарда долари за реклами. Се очекува во 2018 година, огласувањето на интернет да порасне за 13,1% и да изнесува 78 милијарда долари.

- Advertisement -

Интернет огласувањето го надмина огласувањето на ТВ, а под 10% од вкупниот рекламен колач е рекламирањето на радио, во весници и магазини, како и надворешните и огласувањата во кино.

- Advertisement -

Брендот кој потрошил најмногу за огласување е Geiko 1,4 милијарда долари, а потоа следуваат:

  1. Comcast Corp. – 5.74 милијарди долари
  2. Procter & Gamble Co. – 4.38 милијарди долари
  3. AT&T – 3.52 милијарди долари
  4. Amazon – 3.37 милијарди долари
  5. General Motors Co. – 3.24 милијарди долари.

Новите компании кои се појавија со растот на интернетот како Netflix, Amazon, Alphabet (Google) и други ја зголемиле потрошувачката за огласување за 24,4% во однос на претходната година.

- Advertisement -

Најмногу за огласување потрошиле компаниите од автомобилската индустрија, па малопродажбата, фармацевтската индустрија, генерални услуги и телекомуникации.

Се очекува трендот на трошење повеќе пари за огласување да продолжи и се прогнозира дека до крајот на 2018 година, американските компании ќе потрошат околу 200.000 милијарда долари за реклами од кои речиси 40% ќе бидат за интернет реклами.

Сподели!
- Advertisement -