HTC отпушта една четвртина од вработените

- Advertisement -

Во соопштение за печат од HTC најавија оптимизација на производната организација во Тајван, која би требало да овозможи поефикасно и пофлексибилно управување со ресурсите, а таа оптимизација и ефиканзност значат откази за речиси една четвртина од работната сила на компанијата, пишува Zimo.

HTC последнава година се наоѓа во голема криза и на пазарот за паметни телефони не можат да им конкурираат на лидерските компании како Samsung и Apple, но и на се поголемата конкуренција од кинеските производители кои корисниците ги освојуваат со солидниот хардвер и пристапните цени. Телефоните на оваа компанија едно време беа исклучително популарни меѓу корисниците и во 2011 година имаа пазарен удел од 10%, но со текот на годините тој удел се намали и падна на само 0,3% во првиот квартал од годинава.

- Advertisement -

Освен падот на пазарниот удел, компанијата забележа и пад на приходите – во април годинава приходите на компанијата беа за 55% пониски отколку истиот период минатата година. Поради проблемите во работата на почетокот на годината отказ даде претставникот на одделот за паметни телефони и конектирани уреди на компанијаѕа, а откази добија и голем дел од вработените во американскиот оддел за паметни телефони.

Во најновиот бран откази без работа останаа уште 1.500 вработени во Тајван, а да потсетиме дека минатата година Google потпиша договор со HTC, според кој освен правата на користење на интелектуалната сопственост на HTC, дури 2.000 инженери од компанијата преминаа во Google, каде што работат на развој на паметните телефони Pixel.

- Advertisement -

HTC својата иднина ја фокусира на виртуелната реалност и уредите како Vive VR, но проблем е што нема голема побарувачка за ваквите уреди и ќе помине уште доста време додека уредите за виртуелна реалност привлечат поголем број корисници.

Сподели!
- Advertisement -