Unicorn Snot е холографска крема за сончање

- Advertisement -

Unicorn Snot е дело на компанијата FCTRY, бренд кој е како создаден за ерата на социјалните медиуми. Не само што името е толку интересно за да се стави хаштаг, туку нивните светкави производи се како создадени да се фотографираат и да се стават на Instagram.

Сега брендот се подготвува да го лансира својот светкав научен експеримент – кремата за сончање Unicorn Snot. Кремата ќе биде достапна само на нивната официјална страница. Формулата за кремата има заштитен фактор 30, не е тестирана врз животни, водоотпорна е. А најбитно од се е што како и сите други производи на компанијата, целата крема е преполна со светки – сини, розови и златни. Освен тоа, формулата содржи пчелин восок кој ја држи кожата навлажнета на сонце.

Сподели!
- Advertisement -