Пет работи кои паметните луѓе нема да ги кажат на работа

- Advertisement -

Постојат некои работи кои едноставно не е мудро да се изговорат на работното место. Тоа се зборови кои имаат посебна моќ – можат да ве прикажат во негативно светло, дури и тогаш кога се целосно вистинити. Без оглед на тоа колку сте талентирани или што сте постигнале, избегнувајте ги оние фрази кои можат да го променат начинот на кој ве гледаат луѓето или да ви ја зацрнат кариерата.

„Така се прави тоа одамна“
Денес технологијата напредува толку брзо што методи стари само 6 месеци се сметаат за застарени. Ако му кажете на шефот дека отсекогаш е така, не само што можете да испаднете мрзеливи или отпорни на промени, туку му давате простор да се запрашате зошто не сте се обиделе сами да ги подобрите работите.

- Advertisement -

„Нема проблем“
Ако некој ви рече да направите нешто или ви се заблагодари за нешто што сте направиле, а вие му одговорите со „Нема проблем“, со тоа потсвесно имплицирате дека вам тоа, сепак, ви било проблем. Наместо тоа, следниот пат пробајте да одговорите со „Ми беше задоволство“ или „Ќе ми биде мило да се погрижам за тоа“. Тоа е само суптилна разлика во изразувањето, но може да има голем ефект на луѓето.

„Ова можеби е смешна идеја, но…“
Со овие претерано пасивни фрази веднаш ќе ја упропастите својата веродостојност. Дури и ако по овие фрази следува голема идеја, тие можат да сугерираат дека ви недостига самодоверба, поради што работодавецот или соговорникот може да ја изгуби довербата во вас. Немојте да бидете самите свој најлош критичар.

- Advertisement -

„Ќе се обидам“
Баш како и зборовите „мислам“, „ќе се обидам“ може да зазвучат како да сте несигурни или да се сомневате во своите способности да завршите некоја задача. Преземете контрола над своите способности. Ако ве замолиле да направите нешто, или обврзете се дека ќе го направите тоа или пнудете алтернатива, но немојте да речете дека ќе се обидете. Затоа што, да бидеме искрени, тоа звучи како воопшто да не планирате да се потрудите доволно.

„Не е фер“
Секој знае дека животот не е фер. Ако речете дека нешто не е фер, сугерирате дека животот би требало да биде фер, поради што можете да испаднете наивни и незрели.

- Advertisement -

Ако не сакате да се прикажете во лошо светло, треба да се држите до фактите, да бидете конструктивни и да го изоставите својот став за некоја ситуација. На пример, можете да речете „Забележав дека на Марко му го доделивте големиот проект кој се надевав дека ќе го добијам. Може да ми кажете зошто не ме избравте мене за да знам да поработам на тоа?“

Сподели!
- Advertisement -