Првото британско вселенско пристаниште ќе биде во Шкотска

- Advertisement -

Едно оддалечено поголемо земјиште на шкотската обала ќе стане првото британско вселенско пристаниште

Полуостровот А’Мојн во Сатерленд во Шкотска е избран како најдобра локација за првото британско вселенско пристаниште од кое ќе се лансираат ракети кои во орбитата ќе превезуваат сателити. Британската вселенска агенција издвои 2,5 милиони фунти за агенцијата Highlands and Islands Enterprise со кои ќе се развива проектот за вселенското пристаниште.

Агенцијата ќе соработува со американската компанија Lockhead Martin во изградбата на пристаништето, а целта е лансирањето оттаму да започне во 2020 година. Од американската компанија не кријат дека би сакале својата ракета Electron да ја лансираат од Шкотска, иако моментално тоа го прават од Нов Зеланд.

- Advertisement -

Британската влада размислува за вселенско пристаниште веќе десетина години поради што ги унапреди и своите закони за да се овозможи изградбата. Владата за проектот ќе издвои околу 50 милиони фунти.

Планот е, во иднина од ова пристаниште да се лансираат различни сателити, од оние за следење на времето, преку комуникациски сателити, па до сателити кои ќе ги фотографираат активностите на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -