Седум интернет-пребарувачи кои ја штитат вашата приватност

- Advertisement -

Google и Bing се најпопуларните веб пребарувачи, но не стојат добро кога е во прашање заштитата на приватноста затоа што рутински ги собираат вашите податоци на повеќе начини отколку што можете да замислите. Tportal.hr предлага  неколку пребарувачи кои не го прават тоа.

- Advertisement -

DuckDuckGo е еден од најпознатите интернет пребарувачи кои се фокусирани на заштитата на приватноста. Не следи, не мемориа и не ги чува вашите податоци, ниту ги поврзува резултатите од разни пребарувања. Како што тврдат оттаму, ако агентите на ФБИ им тропнат на врата, немаат ништо да им покажат што ќе ги поврзе со корисниците. Користат 400 извори за да дојдат до резултати, меѓу кои и Yahoo, Bing и Yandex., а Google не е на листата.  

- Advertisement -

За разлика од DuckDuckGo, StartPage повлекува и резултатите од пребрување на Google, кој и понатаму е најдобар на светот, притоа прикривајќи го вашиот идентитет. StartPage му плаќа на Google за резултатите, но за возврат не ги испраќа IP адресите или што било по што може да се препознае крајниот корисник. Со помош на овој пребарувач можете да ја сокриете вашата IP адреса и од други веб пребарувачи и да ги користите услугите на веб пребарувачи надвор од САД и Европската унија. 

- Advertisement -

Дел од изворниот компјутерски код на пребарувачот DuckDuckGo е отворен код. SearX, пак, е целосно отворен и достапен за кој било што сака да провери како работи или да го преземе и да го преуреди во согласност со своите потреби и желби. Овој метапребарувач агрегира податоци од повеќе различни пребарувачи (DuckDuckGo, Qwant, StartPage итн.) и нуди најдобра достапна мешавина од резултати. Нема огласи, што е дополнителен бонус. 

Qwant е единствениот европски веб пребарувач. Како што вели и слоганот на пребарувачот, Qwant ја почитува вашата приватност и не чува никаква историја на пребарување, а нема ни „колачиња“, кои честопати знаат да ја забават работата на пребарувачите. 

Претходно познат како Hulbee, пребарувачот Swisscows е фокусиран на приватно пребарување на Интернет за целото семејство. Не прикажува резултати наменети само за возрасни, ниту може да се вклучи таква опција. Не ги складира личните податоци, IP адресите, пребаруваните термини… Користи резултати од пребарувачот на Microsoft, Bing и машинско учење за да го процени контекстот на клучните зборови.

Peekier нуди помалку-повеќе исто што и другите веќе споменати пребарувачи. Се разликува по тоа што на ограничено време ги чува пребаруваните термини и по уникатниот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето во облик на картички преку целиот екран.

За разлика од другите пребарувачи на листата, Disconnect не прикажува резултати од пребарувањето на својата страница, туку ве пренасочува преку својот пребарувач за да ја зачува вашата приватност. Резултатите потоа ги прикажува во пребарувачот кој сте го избрале. Немаат ни веб страница на која може да се пребарува, туку треба да го преземете и да го инсталирате додатокот за пребарувач. Немаат огласи, а заработуваат од продажба на услуги преку виртуелна приватна мрежа.

Сподели!
- Advertisement -