Биткоин повторно со вредност над 7.500 долари

- Advertisement -

Криптовалутите повторно почнаа да зајакнуваат после одреден период на постојан пад. Најголем раст повторно бележи најпопуларната криптовалута, биткоин кој за првпат од почетокот на јуни ја проби границата од 7 500 долари, пренесе Bloomberg.

Биткоинот на почетокот на тргувањата забележа раст од 3,1% и се искачи на 7.543 долари вредност, за овој раст подоцна да се намали за околу 0,8% поради тргувањата во Лондон.

- Advertisement -

Останатите криптовалути како рипл, етериум и лајткоин, бележеле мешовити резултати, но во главно ги задржале добивките остварени еден ден порано.

И покрај најавите дека се очекува повторно голем раст на криптовалутите, вредноста на биткоин и понатаму е околу 60% пониска од историскиот рекорд кој го оствари во декември минатата година кога достигна вредност од скоро 20 000 долари.

Сподели!
- Advertisement -